Navigation
 

Постдипломски студии по етнологија и антропологија

Програмата на постдипломските студии, Етнологија на Македонците, се реализира преку предавања. Студиите траат две години, односно четири семестри. Со магистрирањето, кандидатите е стекнуваат со стручен назив магистер на етнолошки науки.

Магистерот на етнолошки науки е стручно лице подготвено за работа во научно-истражувачка и применета дејност поврзана со општите интереси на човекот, општеството и културата. Од тие причини магистерот на етнолошки науки може да работи во владини и невладини институции, чиешто поле на дејствување е поврзано со општествените и со културните проблеми од доменот на традиционалниот и современиот живот.

Во досегашниот период на постоењето на постдипломските студии магистрирале 10, а докторирале 7 кандидати.