Navigation
 
Надополнување на известувањето за предметот Спорт и здравје

ИЗВЕСТУВАЊЕ

    Се известуваат студентите од Природно-математички факултет дека реализацијатa на предметот Спорт и здравје за летниот семестар 2021 добивањето потписи во индекс, пријава и iknow системот ќе биде на 27.05.2021 и 28.05.2021 година во спортската сала на машинскиот факултет од 9.00 часот. Ги молам координаторите на групите да ги соберат индексите и пријавите и истите ги достават на горе наведената локација. Сите останати студенти кои имаа било какви прашања во врска со наставата се добродојдени.

Со почит

д-р. Ристо Стаменов

Факултет за физичко образование спорт и здравје

НАПОМЕНА, студентите задолжително треба да го имаат пријавено електронски испитот, најдоцна  до 26.05.2021 г. за да може проф. да ги внесе описните оценки.

Journal Content

Надворешни професори, кои предаваат  на ПМФ

Термини за втората испитна сесија

во уч.2020/2021 г.

Термини за третата испитна сесија

во уч.2020/2021 г.

 

Македонски јазик, Проф. д-р Симон Саздов, Филолошки факултет

Прва декада 16.6.2021 во 10 часот во А3 на Филолошки факултет

 

Втора декада 30.6.2021 во 10 часот во А3 на Филолошки факултет

 

 

 

дополнително ќе биде објавено

 

Педагогија, Проф. д-р Борче Костов, Филозофски факултет

 

Прва декада на 07.06.2021 во 11 часот - онлајн на МС Тимс и

 

Втора декада на 21.06.2021 во 11 часот - онлајн на МС Тимс.

 

 

  

дополнително ќе биде објавено

 

Психологија, Проф. д-р Огнен Спасовски,

Филозофски факултет

8.6. во 16ч. Онлајн на Тимс

22.6. во 16ч. Онлајн на Тимс

 

 

дополнително ќе биде објавено

Англиски јазик 1, 2, 3 и 4, проф. д-р Искра Стаменковска

Институт за географија

I декада - 07.06.2020

II декада - 16.06. 2020

 

Испитот, ќе се полага усно и на Скајп, па студентите може да ја исконтактираат проф. на мејл, за да им  испрати  термин за испитот.

 

 

 

дополнително ќе биде објавено

Италијански јазик 1, 2,3, проф. д-р Катерина Сековска Анѓелковиќ

Институт за географија, студиска програма туризам

 

 

10 јуни (прва декада)-11:00-12:00ч.

Италијански јазик 1,2 и 3

25 јуни (втора декада)-11:00-12:00ч. 

Италијански јазик 1,2 и 3 

 

 

2 септември (прва декада)-11:00-12:00ч.

Италијански јазик 1,2 и 3

16 септември (втора декада)-11:00-12:00ч. 

Италијански јазик 1,2 и 3 

 

Англиски јазик, проф. д-р Солзица Поповска

Институт за математика, физика, хемија,  и двопредемтни студии по математика-физика

Испитите ќе се оджат преку платформата  Zoom:

  

I декада     8.06.2021 во 18ч

 

II декада    30.06.2021 в0 18ч

 

 

 

дополнително ќе биде објавено

 

 

Journal Content

Соопштение

се известуваат  студентите  на Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека по повод државниот празник „Св. Кирил и Методиј – ден на сесловенските просветители,нема да се работи на ден  24.05.2021 година (понеделник).

20.05.2021 год.

 Скопје                                                                                    од деканатот,

 

Journal Content

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОТПИСИ И ОЦЕНКИ ПО ПРЕДМЕТОТ СПОРТ ИЗДРАВЈЕ

Се известуваат ситестуденти, кои што го слушаат предметот Спорт и здравје во летенсеместар во уч.202021 година кај професорд-р Ристо Стаменов, дека внесување потписи и оценки воиндекс по овој предмет ќе биде на 27.05.2021 од 9.00 часот предспортската сала на Машинскиот факултет. 

                                                                          Проф. д-рРисто Стаменов

 НАПОМЕНА, студентите задолжително треба да го имаат пријавено електронски испитот, најдоцна  до 26.05.2021 г. за да може проф. да ги внесе описните оценки,


Поместување на рокот за заверка на летниот семестар во уч.2020/2021 година

Известување за поместување на рокот за заверка на летниот семестар во уч.2020/2021 година

Почитувани студенти од прв, втор и трет циклус  студии, 

Ве информираме, дека заверката на летниот семестар во уч.2020/2021 година, се поместува и ќе се одвива заедно со уписот на зимскиот семестар во уч.2021/2022 година (20.09.2021 до 30.09.2021)

Студентите, ќе имаат доволно време да ги соберат потписите во индексот, во термините кои ќе бидат објавени од предметните професори до рокот за запишување на  зимскиот семестар во уч.2020/2021 година.


НАПОМЕНА

Студентите кои ќе дипломираат или магистрираат во  во времетрањето на втората и третата сесија во уч.2020/2021 година, треба уредно да ги соберат потписите од летниот семестар во уч.2020/2021 година и да го заверат истиот.
Сите задолженија, околу започнување на проверката на досието, остануваат исти, како и претходно.

Студентите  треба да се најават на електронските адреси на Одделение за студентски прашања при ПМФ (фиксните линии на ПМФ не работат, затоа што телефонската централа е во дефект).

-      математика, физика, математика-физика - keti@pmf.ukim.mk,

-      втор циклус студии  - keti@pmf.ukim.mk

-       биологија, биологија-хемија, етнологија и антропологија     lidija.mitevska@pmf.ukim.mk,

-    хемија, географија - ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk

 

14.05.2021 г.                                                             од Деканатот,

Втора испитна сесија во уч.2020/2021 г.

С о о п ш т е н и е             

за ВТОРАТА (јунска) испитна сесија во учебната 2020/2021 година

се известуваат редовните и вонредните студенти  на  Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје, дека ВТОРАТА (летна) испитна сесија во уч. 2020/2021 година  ќе се одвива во две декади и тоа:

Втора испитна сесија    7 јуни 2021 - 2 јули 2021    (две декади)

·         18.06.2021 година е неработен ден, Духовден (петок пред Духовден)

Термините ги објавуваат институтите при факул­тетот. При правењето на распоредот треба да се внимава помеѓу двата термини, да има минимум 10 дена.(согласно  чл. 45, од од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус (додипломски студии) и  втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр.417, од 29 јануари 2019 ).

      Студентите во втората испитна сесија, можат да полагаат испити, од предмети слушани во  зимскиот и во летниот семестар во уч.2020/2021 година.

 Студентите за да можат да пријават испит, треба да им е  уредно   запишан летниот семестар во учебната 2020/2021 година, како и да имаат уредно добиено електронски  потпис.

НАПОМЕНА Вонредните студенти  и редовните студенти, кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ.

сите уплати се вршат на образец ПП50:

- назив и седиште на примач                                         ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                         НБРМ

- трансакциска сметка                                                  100000000063095

- сметка на буџетски корисник на ПМФ                         1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                             723013 - 41 2

 

ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ

Втората испитна сесија во уч.2020/2021 година, во i-know системот www.iknow.ukim.edu.mk,, е внесена како (Летна) Втора испитна сесија 2021  

 и електронското пријавување на испитите, ќе се одвива од 14.05.2021 до 04.06.2021 година,  и е задолжително за сите студенти на ПМФ.

Доколку, студентот не ги извршил обврските пропишани со студиската програма од одредена предметна програма и не добил потпис, не може да пристапи на испит (согласно  чл. 39, од од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус (додипломски студии) и  втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр.417, од 29 јануари 2019 ).      

  Студентот  покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.

       Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски,  пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од  предметниот наставник.

Официјалниот распоред на испитите по денови, начинот на реализирање, просториите во кои ќе се одвиваат истите,  ќе биде  објавен на веб страниците на институтите на ПМФ.

Испитните сесии ќе биде спроведени со строго почитување на сите предвидени мерки од Министерството за здравство и Министерството за образование и наука и согласно Одлуката за уредување и доуредување на прашањата поврзани со начинот на работа и реализиација на дејностите на ПМФ во Скопје, согласно со мерките на надлешните органи за спечување на внесување и ширење на короновирусот CoVid-19 (Универзитетски гласник бр.504, 22 април 2020 година).

Доколку имате проблеми поврзани со студиската програма (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, студиска програма за студентите на студии по:

-      математика, физика, математика-физика - keti@pmf.ukim.mk,

-       биологија, биологија-хемија, етнологија и антропологија  lidija.mitevska@pmf.ukim.mk,

-       хемија, географија - ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk;

За технички проблеми (заборавена лозинка, промена на мејл адреса и сл.), во пораката задолжително да се напише опис на проблемот, име и презиме на студент и мејл адреса со која е регистриран во системот.

- stefan@pmf.ukim.mk

Кратко упатство: поле "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. На оваа страница се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од студентската служба. Во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги чекиравте во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. Со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за следната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар.

14.05.2021 година                                                                        од Деканатот,

 

Календар за наставни активности за летен семестар во уч.2020/2021 г.

Календар на наставни активности за летен семестар во учебната 2020/2021 година за прв циклус студии

 

Летен семестар 2020/2021

 

1

Времетраење  на летниот семестар

15.02.2021 – 28.05.2021

2

Давање потписи за летниот семестар (електронски)

до 04.06.2021

3

Пријавување  за Jунска (втора) испитна сесија (on-line)

14.05.2021 – 04.06.2021

4

Jунска (втора) испитна сесија (две декади)

07.06.2021 – 02.07.2021

5

Пријавување  на Августовско - септемвриска (трета) испитна сеија (on-line)

05.07.2021 – 20.08.2021

6

Августовско - септемвриска (трета) испитна сесија (две декади)

23.08.2021 – 17.09.2021

7

Заверка на летен семестар 2020/2021 и Упис  на зимски семестар 2021/2022

20.09.2021 – 30.09.2021

 

Journal Content

Соопштение

се известуваат   студентите  на Природно-математичкиот факултет во скопје,
дека по повод велигденските и првомајските празници нема да се работи на ден:
30.04.2021 год. (петок), 01.05.2021 год. (сабота) и 03.05.2021 год. (понеделник)

28.04.2021 год.                                                    Од Деканатот,  

Journal Content

ЕКТС координатори на ПМФ (април 2021 г.)

Институт за хемија

 

Студиска програма:

 

Наставна хемија и применета хемија

Проф. д-р Марина Стојановска

Применета хемија – аналитичка биохемија 

Проф. д-р Јасмина Петреска - Станојева

Институт за физика

Сите студиски програми:

Проф. д-р Весна Гершан

 Институт за географија

Сите студиски програми:

Љубица Марковска

 Институт за етнологија и антропологија:

                                                                 Проф. д-р Ана Ашталковска Гајтановска

 Институт за математика

Сите студиски програми:

Проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска

 Институт за биологија

Студиска програма:

 

 

Биохемија и физиологија

Виш лаборант Марија Ангеловски

 

Молекуларна биологија и Молекуларна биологија и генетика

Проф. д-р доц. Д-р Славица Јосифовска

 

Екологија

Проф. д-р Катерина Русевска

 

Биологија

Проф. д-р Катерина Русевска

 

Биологија - хемија

Проф. д-р Катерина Русевска

 

Нутриционизам

Проф. д-р Александра Цветковска Ѓорѓиевска

 

 

2021 Aприлска (дополнителна) испитна сесија

Соопштение за априлска (дополнителна) испитна сесија за уч.2020/2021 год.

Се известуваат студентите од Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека  априлската (дополнителна) испитна сесија ќе се одвива во период од 05.04.2021  до  16.04.2021 г.

             Право за полагање, имаат студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во уч. 2020/2021 година и уредно им е заверен зимскиот семестар од уч.2020/2021 година.

            Во априлската испитна сесија, студентите ќе можат да полагаат најмногу 2 испита што ги слушале во зимскиот семестар во уч.2020/2021 година и за кои ги реализирале сите обврски (потпис и заверен зимски семстар).

         Задолжителното електронско пријавување на испитите во дополнителната сесија испитна сесија ќе се одвива до 04.04.2021 гпреку електронскиот “i-know” систем.

        Хартиена пријава    Студентот  покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.

       Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски,  пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од  предметниот наставник.

         Термините ги објавуваат институтите, при факул­тетот.

Од Деканатот,                                                                                                  27.03.2021 г. 

 

Journal Content

Терминот за полагање на предметот Македонски јазик, кај проф. д-р Симон Саздов за дополнителната (априлска) сесија во уч.2020/201 година е закажан на 08.04.2021 година во 12 часот и 15 минути во Предавална 1 на Филолошкиот факултет.

Journal Content

 

Терминот за полагање на предметот  Психологија за дополнителната априлска сесија во уч.2020/2021 година, кај проф. д-р Огнен Спасовски е закажан на 14.04.2021 г. во 17 часот.

Испитот ќе се реализира електронски, на платформата MS Teams (во истиот тим во кој се реализираше наставата во зимскиот семестар). 

 

 

Полагањето на предметите Англиски јазик 1 и Англиски јазик 3, за априлската дополнителна сесија, кај проф. Искра Стаменкоска, за студентите од Институтот за географија, ќе се полагаат on line. (skype)
Студентите да се обратат за договор  на електронската адреса на проф. iskra.stamеnkoska@gmail.com 
Проф. ќе овозможи термин  за секој студент одделно.

 

Терминот за полагање на предметот  Италијански јазик 2  за дополнителната априлска сесија во уч.2020/2021 година, кај проф. д-р Катерина Анѓелковиќ за студентите од Институтот за географија е закажан на 09.04.2021 г. во 10.30 часот.

 

Студентска анкета-функционалности на iknow системот

Почитувани студенти,

 

Со цел да се добие информација за постоечката состојба и функционалност на системот за студентски сервиси iKnow, Универзитетот донесе одлука да се спроведе анкета  за капацитетите на единиците (технички и човечки) за негово користење и потребите за нови функционалности, апликации и системи кои што интегрирано треба да функционираат со iKnow  системот.

 

Студентите  треба да ја пополнат анкетата на  следниов линк   https://poll.engineer.org.mk/

Крајниот рок за спроведување на анкетата е 6 aприл 2021 година.

 

29.03.2021 година

 

Заверка на зимски и упис на летен семестар во уч.2020/2021 г

С о о п ш т е н и е  

за заверка на семестар и упис на летен семестар во учебната 2020/2021 година

          Се известуваат редовните и вонредните студенти на Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека заверувањето на зимскиот  и запишувањето на летниот семестар во уч.2020/2021 година ќе се одвива на следниов начин:

Во периодот од 8.2.2021 година до 12.2.2021 година секој студент треба да се обрати до ЕКТС координаторот на студиската програма на соодветниот Институт и со себе треба да носи индекс и ЕКТС образец или А3 образец (за институтите кои немаат ЕКТС образец).

Откако ќе биде одобрен и потпишан ЕКТС образецот или А3 образецот (за институтите кои немаат ЕКТС образец), студентот ќе биде препратен до одговорното лице во Институтот, за закажување на термин за поднесување на документи во Одделението за студентски прашања.

Важна напомена: Секој координатор ќе објави свое соопштение за начинот на прием и обработка на документи.

Студентот е должен да се јави во Одделението за студентски прашања во точниот термин што му е доделен од Институтот, се со цел да се испочитуваат мерките и протоколите за заштита од коронавирусот, поднесувајќи ги сите потребни документи и уплатници наведени во соопштението подолу.

Ако студентот е спречен заради изолација документите да ги достави до Одделението за студентски прашања, истото може да го направи со нивно доставување по електронски пат, на електронските адреси на вработените во одделението (наведени подолу).Кон документите задолжително да достави и решение за изолација, во спротивно истите нема да се земат во предвид.

ЕКТС координатори на ПМФ

Институт за хемија

 

Студиска програма:

 

Наставна хемија (за прва, втора и трета година)

Проф. д-р Марина Стојановска

Применета хемија (за прва, втора и трета година)

Проф. д-р Марина Стојановска

Применета хемија – аналитичка биохемија (за прва, втора и трета година)

Проф. д-р Јасмина Петреска - Станојева

За четврта година

Проф. д-р Петре Макрески        и  Проф. д-р Сандра Димитровска-Лазова

За петта година

Проф. д-р Слоботка Алексовска

 

За шеста година

Проф. д-р Наташа Ристевска

Институт за физика

Сите студиски програми:

Проф. д-р Весна Гершан

 Институт за географија

Сите студиски програми:

Љубица Марковска

 Институт за етнологија и антропологија:

                                                                 Проф. д-р Ана Ашталковска Гајтановска

 Институт за математика

Сите студиски програми:

Проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска

 Институт за биологија

Студиска програма:

 

 

Биохемија и физиологија

Проф. д-р Никола Хаџи-Петрушев

 

Молекуларна биологија и генетика

Проф. д-р Александра Цветковска

 

Екологија

Проф. д-р Катерина Русевска

 

Биологија

Проф. д-р Катерина Русевска

 

Биологија - хемија

Проф. д-р Катерина Русевска

 

Нутриционизам

Проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ

 

Студентите од Институтот за биологија треба да го достават уредно пополнет А3 образецот во библиотеката на биологија, на одобрување  од ЕКТС координаторите, а потоа сите потребни документи и уплатници да ги достават во Одделението за студентски прашања во точно одредените термини за поднесување на документи, доделени на Институтот.

 

 

Потребни документи

·образец за заверување  на зимскиот семестар,

·образец за запишување  на летниот семестар,

· пополнет и потпишан образец за ЕКТС за положени испити, односно за освоени кредити и за пријавени предмети кои ќе ги слушаат во летниот семестар (образецот се пополнува во координација со координаторот на соодветната студиска програма, со исклучок на Институот за биологија и Институтот за математика).

· индекс

-уплатница за уплатени 200,00 ден. за административни трошоци-цел на дознака и приходна шифра  програма  начин 723019-41–2

- уплатница за уплатени 100,00 ден. за обезбедување-цел на дознака и приходна шифра  програма  начин 723019-41–2

 -уплатница за уплатени 100,00 д. за тетратки-цел на дознака и приходна шифра  програма  начин 723019-41–2 и

· уплатница за уплатени средства за упис на летниот семестар во уч. 2020/2021 година за студентите запишани со партиципација (државна квота).

· износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмети), согласно образецот за ектс одобрен од координаторите за ектс. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на Деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година,

или,

· уплатница за уплатени средства за упис на летниот семестар во уч.2020/2021 година  за редовните и вонредните студенти запишани со школарина (со кофинансирање) согласно договорот потпишан со факултетот. Износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмети), согласно образецот за ектс одобрен од координаторите за ектс. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на Деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година.

Напомена 1:

Согласно, чл.23 од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417/2019),  студент запишан со партиципација (*државна квота), го губи статусот на студент запишан во квота со партиципација (*државна квота) и ги продолжува студиите во квота со школарина (*со поднесување на трошоците за студирање -кофинансирање) ако:

- еден предмет запишува по трет пат;

- не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на  наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен).

* термините за квотите наведени во заградите, се однесуваат за студентите запишани по прв пат во уч.2018/2019 година и претходно и истите имаат еднакво значење.

Напомена 2:

Согласно, чл.34, чл.35, чл.36 и чл.37 од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019) студентите, при упис на предметите треба да внимааат:

 

- при запишување на нови предметите, изборот на истите,  треба да е во согласност со правилата за напредување, утврдени со   студиските програми,

-          на условувачките критериуми, односно на предусловите за запишување на секој предмет, кои се дефинирани во студиската програма (хоризонтална и вертикална условеност),

-          најпрво ги презапишуваат неположените задолжителни и изборни предмети од претходниот летен семестар, а потоа задолжителните предмети од тековниот семестар, и на крај изборните од тековниот семестар, но не повеќе од вкупно 35  кредити,

-          при повторно запишување на неположен изборен, студентот има право да го замени со друг изборен предмет (доколку сака да изврши промена - се поднесува барање до ектс координаторот на соодветниот Институт),

-          доколку студентотво семестарот запишува изборен/изборни  од универзитетската листа на слободни изборни предмети за прв циклус студии на  УКИМ, да се внесе во образецот за упис на семестарот,  во точното поле. (10% од изборните предмети)

 

 

1 ЕКТС кредит

-квота-

за предмет, кој се запишува по  прв пат (денари)

за предмет, кој се презапишува (денари)

редовни- со партиципација (државна квота)

210,00

410,00

редовни и вонредни школарина (со кофинансирање) 400 еур

 

410,00

 

600,00

 

Ви напоменуваме, дека електронскиот систем не ги пресметува точно кредитите, за предметите кои се презапишуваат. Студентите, да се придржуваат кон табелата погоре за пресметување на вкупната сума за упис на семестарот.

Студентите, кои се во тешка материјална состојба, треба да поднесат барање за плаќање на рати. Согласно Одлуката од деканатска управа сумата до 15.000,00 може да се уплати на 2 рати, а над 15.000,00 на 3 рати. Барањето за плаќање на рати на летниот семестар во уч.2020/2021 година, може да го подигнете од Одделението за студентски прашања или  да го испечатите БАРАЊЕТО (студентите не треба да бараат потпис за одобрување).

сите уплати се вршат на образец ПП50:

 

- назив и седиште на примач                              ПМФ – СКОПЈЕ

- банка на примач                                                 НБРМ                          

- трансакциска сметка                                       100000000063095

 - сметка на буџетски корисник на ПМФ                1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                     723012 - 41 – 2

- цел на дознака        (упис на летен сем. во уч.2020/2021 г. студиска програма)

Напомена 3 :

Задолжителното  електронско запишување на летниот семестар во уч.2020/2021 година, ќе започне од 05.02.2021 , за сите студентите на ПМФ. (согласно упатството, наведено подоле)

Наставата во летниот сeместар ќе се одвива од 15.02.2021 до 28.05.2020 година

Доколку имате проблеми поврзани со студиската програма (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на: - keti@pmf.ukim.mk (математика, математика-физика и физика),

-lidija.mitevska@pmf.ukim.mk (биологија, биологија–хемија, етнологија и антропологија) и ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk (хемија, географија)

за технички проблеми (заборавена лозинка, промена на мејл адреса и сл.) - stefan@pmf.ukim.mk. во пораката задолжително да се напише опис на проблемот, број на индекс, име и презиме на студент и електронска адреса со која е регистриран во системот.

 

05.02.2021 год.                                                                             од Деканатот,

 

Упатство за запишување и заверување на семестар преку “ i-know ”

Откако ќе се најавите на системот, пред вас се отвара почетната страница за студентите. На неа се наоѓааат активни соопштенија кои биле поставени од факултетот. Главното мени за навигација се наоѓа на горниот дел од страницата веднаш под името, презимето и бр. индекс на најавениот студент.

Во табот "запишани семестри" од менито, има табеларен преглед на претходно запишаните семестри. претходно запишаниот семестар (зимски 2020/2021), кој сега треба да се заверува, ќе биде заверен од страна на службениците на студентската служба, тогаш кога ќе се приложат документи кои физички ќе ги депонирате и собраните потписи од професорите во индексот.

          Во табот  "запишани семестри", во горниот дел се наоѓа опцијата за запишување на следниот семестар (летен 2020/21). Oд листата понудени семестри го избирате следниот семестар. Oпциите за насока, квота и вид на студии ви се предодредени според претходниот семестар кој сте го запишале. Доколку имате промена на овие податоци по разни основи, мора да се обратите на Одделението за студентски прашања. Откако сте ги избрале соодветните параметри, на копчето ”внеси” го запишувате следиот семестар. откако новиот запишан семестар ќе се појави прв (најгоре) во табелата запишани семестри.

Откако ќе го запишете новиот семестар се упатувате на следниот таб "предмети". Тука ги избирате предметите кои ќе ги следите во следниот семестар.  најгоре лево на формата е избран семестарот за кој ќе избирате предмети (летен 2020/21). Треба да ги изберете сите задолжителни предмети кои на вашата насока, може да ги  слушате во летниот семестар, како и дел од изборните од тој семестар, ако има, но не повеќе предмети, односно не повеќе од   вкупно 35 кредити по семестар.

  Во прва година нормално е да се следат 30 кредити по семестар. оние предмети кои ги запишувате да ги следите, ги префрлате од левите листи во десните со помош на копчињата за лево/десно меѓу листите. Со секое префрлање на избран предмет од лево во десно се ажурира сумата за плаќање за тој семестар, сместена најгоре во средишниот дел на формата.  Во прва година, после избор на соодветни предмети, сумата за плаќање треба да е 30 кредити односно 6300 мкд за студентите од државна квота и 12300 мкд за студентите со кофинансирање. Ви напоменуваме, дека електронскиот систем не ги пресметува точно кредитите кои се презапишуваат, за студентите од 4 семестар, па нагоре. Студентите, да се придржуваат кон табелата погоре за пресметување на вкупната сума за упис на семестарот.  Откако сите потребни предмети ќе се префрлат во десните листи, најдолу десно на формата со копчето “запиши” сите избрани предмети ќе се запишат за тој семестар и ќе се појават во табела “запишани предмети” во горниот дел на формата. Oткако со копчето “запиши” ќе ги запишете предметите, завршува електронскиот дел од запишувањето на следниот семестар. Вам ви останува физички да ги однесете документите за заверка на минатиот и запишување на следниот семестар на шалтерите на Одделението за студентски прашања, согласно упатството.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Journal Content

Промена на начинот и времето за шалтерско работење со студентите на ПМФ

Ве известуваме дека започнувајќи од 10.02.2021 година, Одделението за студентски прашања ќе работи на 3 позиции (табела), исклучиво со студентите кои запишуваат летен семестар во уч.2020/2021 година, од 11.00-15.00 часот.

Доколу, студентите имаат други административни потреби, како проверка на досие, продолжување на прекинати студии, испишување и др., обратете ни се на подоле објавените  електронски адреси за информации, закажување на термин  или дојдете исклучиво во периодот од 8.30-9.30 часот во Одделението за студентски прашања. (пауза 10.00-10.30). Ве информираме дека телефонската централа на ПМФ е во дефект.

Позиции за прием на комплетни документи за упис на летен семестар  во уч.2020/2021 г. на студентите,од страна на Одделението за студентски прашања, од 11.00-15.00 часот, согласно термините доделени од техничките секретари на институтите, за секој студент

Институт за математика

Институт за физика

двопредметни студии по математика-физика

 

Нова зграда,  1 спрат прост. 147

 

Институт за биологија

двопредметни студии по биологија-хемија

 

Нова зграда, 2 спрат прост. 244

 

Институт за хемија

Институт за етнологија и антропологија

 

 

Шалтер за студентски прашања

 

Институт за географија

Стара зграда,   1 спрат прост.130

(до билиотеката на ИГ)

__________________________________________________________________________

 Раководител на Одделение за студентски прашања,

        Кети Костадиновска  

e-mail: keti@pmf.ukim.mk

- студии по математика,

- двопредметни студии по математика-физика,

- студии по  физика,

- студии по информатика,

- втор циклус студии,  за сите студиски групи на ПМФ

- трет циклус студии, сите студиски групи на ПМФ

Соработник за студентски прашања -

Лидија Митевска (lidija.mitevska@pmf.ukim.mk)

- студии по биологија,

- двопредметни студии по биологија-хемија,

- студии по етнологија и антропологија

Соработник за студентски прашања

- Ивана Мицевска - Ристовска

(ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk)

- студии по географија

 - студии по хемија,

Техничка подршка     stefan@pmf.ukim.mk

Journal Content

С о о п ш т е н и е

се известуваат  вработените и студентите на Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје,

дека по повод новогодишните и божиќните празници, нема да се работи од:

01.01.2020 год. до 10.01.2021 год.  за одработување на деновите:

04.01.2021,05.01.2021 и 08.01.2021 год. дополнително ќе бидете известени.

 

Прв работен ден во новата година е 11.01.2021 год. (понеделник).

 

29.12.2020 год.

Скопје                                                                                          од деканатот

 

Journal Content

                                                                               С о о п ш т е н и е 

за прва испитна сесија во учебната 2020/2021 година

се известуваат редовните и вонредните студенти  на  Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје, дека првата испитна сесија во учебната 2020/2021 година  ќе се одвива од 18.01.2021 до 05.02.2021 во две декади и тоа:

2021 (зимска)прва испитна сесија

прва декада во периодот од   18.01.2021 до 27.01.2021 год.

втора декада во периодот од  28.01.2021 до  05.02.2020 год.

Термините ги објавуваат институтите при факул­тетот.

При правењето на распоредот треба да се внимава помеѓу термините од првата и втората декада, да има минимум 10 дена (согласно  чл.45, од правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на уким, бр.417, 29 јануари 2019).

      Студентите во првата испитна сесија, можат да полагаат испити слушани во  зимскиот семестар во уч.2020/2021 година, како и предмети слушани во летниот семестар во уч.2019/2020 година.

 Студентите за да можат да пријават испит, треба да   уредно да им е запишан зимскиот семестар во  уч. 2020/2021 година, како и да имаат уредно земено потпис во индексот од предметниот професор или електронски потпис во електронскиот систем.

Напомена 1 -  начин на пријавување на испитите

Задолжително електронското пријавување на испитите во првата испитна сесија во уч.2020/2021 година, во  i-know системот, ќе се одвива од 30.12.2020 до 03.02.2020 година,  и е задолжително за сите студенти на ПМФ, www.iknow.ukim.edu.mk

Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои уредно ќе го пријават испитот.

 

Што значи уредно пријавен испит?

1.     електронски пријавен испит   on-line на адреса www.iknow.ukim.edu.mk, најдоцна два дена пред полагање на испитот, поточно на писмениот дел од испитот.

2.     студентот  покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.

3. доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски,  3. пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од  предметниот наставник.

Асистентите и професорите, немаат обврска да ги примат на полагање оние студенти кои нема да бидат на списоците за полагање на испит.

 Напомена 2

Само вонредните студенти и редовните студенти, кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ,

 

сите уплати се вршат на образец пп50:

- назив и седиште на примач                           ПМФ – Скопје

- банка на примач                                         НБРМ

- трансакциска сметка                                  100000000063095

- сметка на буџетски корисник на ПМФ           1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин               723013 - 41 2

Напомена 3

Заверување на зимскиот семестар и запишувањето на летниот семестар во уч. 2020/2021 година,  ќе се одвива во периодот од  8-12 февруари 2020 година.

Наставата во летниот сeместар ќе се одвива од 15.02.2021 до 28.05.2021 година.

Напомена 4

Целта е на студентите да им се олесни процедурата на добивање оценка во хартиена пријава на крај на секоја сесија и да се елиминира проблемот на студентски досиеја во кои недостигаат голем дел хартиени пријави за положени испити, особено пред дипломирање. се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.

Студентите кои предметите ги полагаат преку колоквиуми, исто така треба да ги пријават електронски испитите.

Сите студенти на пмф испитите ги пријавуваат на пмф, без разлика каде ги слушале.

Студентите плаќаат по 400,00 ден. надоместок за задоцнето пријавување испит (пријавување на испити по рокот),  ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.

 

 

Доколку имате проблеми поврзани со студиската програма (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на:

 - keti@pmf.ukim.mk (математика, математика-физика и физика);

 -lidija.mitevska@pmf.ukim.mk (биологија и биологија–хемија);

 -ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk (хемија, географија, етнологија и антропологија).

Доколку имате  технички проблеми (заборавена лозинка, промена на електронска адреса и сл.) во пораката задолжително да се напише: опис на проблемот, број на индекс на студентот и електронска  адреса со која е регистриран во системот.

 Кратко упатство:

Во полето "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. во ова поле се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од студентската служба,  во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. предметите кои сакате да ги пријавите ги чекиравте во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за следната сесија. подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар.

 

29.12.2020 година                                                               од деканатот,

 

 

Ноемвриска (дополнителна) сесија во уч.2020/2021 г.

Соопштение за ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2020/2021 год.

 

Се известуваат студентите од Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека  ноемвриската (дополнителна)  испитна сесија ќе се одвива во период од 23.11.2020  до  04.12.2020.

             Право за полагање, имаат студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2020/2021 година и уредно им е заверен летен семестар од уч.2019/2020 година.

            Бројот и видот на предмети (задолжителни и изборни) не е ограничен, може да се полагаат и задолжителни и изборни предмети, НО САМО тие, кои се  слушани во летниот семестар во уч.2019/2020 година.

         Задолжителното електронско пријавување на испитите во дополнителната сесија испитна сесија ќе се одвива од  10.11.2020  до 22.11.2020 г. преку електронскиот “i-know” систем.

        Студентот  покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.

       Доколку испитот се спроведува on line“/ електронски,  пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од  предметниот наставник.

         Термините ги објавуваат институтите, при факул­тетот.

 

09.11.2020 год.                                                                         од Деканатот,

Journal Content

С о о п ш т е н и е  

се известуваат редовните и вонредните студенти од Природно-математичкиот факултет во Скопје,   дека уписот на зимскиот семестар во учебната 2020/2021  година ќе се врши од 28.09.2020 година до 09.10.2020 година

 

Согласно Одлуката за воспоставување на ПРОТОКОЛ за начинот на одржување на лабораториски вежби, консултации, колоквиуми и испити со физичко присуство на студентите согласно со мерките на надлежните органи за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19,

Одделението за студентски прашања, почитувајќи ги здравствените критериуми, престојните активности врзани со уписот на зимскиот семестар во уч.2020/2021 година, го закажува  по точно дефиниран распоред по денови и Институти:

 

Институт за математика

(сите студиски програми) и студиската програма математика-физика

Институт за физика

(сите студиски програми),

Институт за етнологија-антропологија

 

 

 

 

(понеделник) 

11:00 - 15:00 часот

 

 

28.09.2020  г.

 

05.10.2020 г.

 

Институт за географија

 (сите студиски програми)

 

(вторник)

11:00 - 15:00 часот

 

29.09.2020 г

06.10.2020 г.

 

Институт за хемија

(сите студиски програми)

 

(среда)

11:00 - 15:00 часот

 

30.09.2020 г.

07.10.2020 г.

 

Институт за биологија

(сите студиски програми) и студиската програма

биологија-хемија

 

 

   (четврток и петок)

11:00 - 15:00 часот

 

 

01.10.2020 и 02.10.2020 г.

08.10.2020 г. 09.10.2020 г.

 

 

 

Напомена: студентите да ги почитуваат мерките наведени во Одлуката: начинот на движење, да држат дистанца од 2 метра, да не се групираат, да носат маски и да се дезинфицираат. Влегување во просторијата на студентски прашања е забрането, освен со најава и договор со службениците.

 

СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПО ПРВПАТ ВО УЧ.2012/2013 Г.

 Согласно предлог одлуката на деканатската управа бр.1187/2 од 25.09.2020 г. на студентите кои се запишани по прват во уч.2012/2013 година, рокот да за ги завршат започнатите студии по студиската програма по која се запишале по првпат ИМ СЕ ПРОДОЛЖУВА ДО 14.02.2021 година  ОДЛУКА  

 СТУДЕНТИ  ЗАПИШАНИ ПО ПРВПАТ ВО уч.2013/2014 г., уч.2013/2014 г. уч.2014/2015 г., уч.2015/2016 г, уч.2016/2017 г, уч.2017/2018 г.,  2018/2019 г. и уч.2019/2020 г.

Потребни документи:

1.            образец А3 за запишување на семестарот, уредно пополнет ПРИМЕР обр. А3

Напомена: Студентите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги запишат предметите што ќе ги слушаат во зимскиот семестар во 2020/21 година (вклучително и изборните предмети) по прв пат и предметите што НЕ ГИ ПОЛОЖИЛЕ од претходниот зимски  семестар во А3 ОБРАЗЕЦОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР)

2.     пријавен лист од Државниот завод за статистика на РМ  (образец  ШВ-20);

3.     пополнет и потпишан образец за ЕКТС за положени испити, односно за освоени кредити и за пријавени предмети кои ќе ги слушаат во зимскиот семестар (образецот се пополнува во координација со координаторот на соодветната студиска програма-насока)

 На Институтите каде се укинати овие обрасци во хартиена форма(Институт за биологија и Институт за математика), студентите не треба да ги поднесуваат истите, но треба да се обратат за  одобрување на упис на предметите кај ЕКТС кородинаторите, кои треба да се потпишат А3 образецот; Листата на ЕКТС координатори, е подоле во соопштениево.

4.     уплатница за уплатени 700,00 денари за административно-материјални трошоци

 Напомена: студентите може да ги уплатат вкупно на една уплатница, сите уплати наведени во заградата. (административни трошоци;за обновување на библиотечен фонд во библиотеките на Институтите при ПМФ; за колективно осигурување на студентите од ПМФ од несреќен случај; за обезбедување, за испитни работни тетратки;)

 

 5.   уплатница за уплатени средства за упис на зимскиот семестар во уч. 2020/2021 година за студентите запишани во државна квота.

Износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети согласно образецот за ЕКТС одобрен од координаторите за ЕКТС. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на Деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година.

Доколку студентот запишан во државна квота, не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на  наредниот соодветен семестар или еден предмет запишува по трет пат, ги продолжува студиите со поднесување на трошоци за студирање (наведено во Напомената, подоле во соопштениево), или

6.   уплатница за уплатена рата за редовните и вонредните студенти запишани со кофинансирање согласно договорот потпишан со факултетот. Износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмети помалку од 50% од предметите, наведено во напомена 1, подоле во соопштениево), согласно образецот за ЕКТС одобрен од координаторите за ЕКТС. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година.

Напомена 1:

Согласно, чл.23 од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019),  студент запишан со партиципација (*државна квота), го губи статусот на студент запишан во квота со партиципација (*државна квота) и ги продолжува студиите во квота со школарина (*со поднесување на трошоците за студирање -кофинансирање) ако:

- еден предмет запишува по трет пат;

- не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на  наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен).

* термините за квотите наведени во заградите, се однесуваат за студентите запишани по прв пат во уч.2018/2019 година и претходно и истите имаат еднакво значење.

Напомена 2:

Согласно, чл.34, чл.35, чл.36 и чл.37 од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019) студентите, при упис на предметите треба да внимааат:

 

- при запишување на нови предметите, изборот на истите,  треба да е во согласност со правилата за напредување, утврдени со   студиските програми,

-          на условувачките критериуми, односно на предусловите за запишување на секој предмет, кои се дефинирани во студиската програма (хоризонтална и вертикална условеност),

-          најпрво ги презапишуваат неположените задолжителни и изборни предмети од претходниот летен семестар, а потоа задолжителните предмети од тековниот семестар, и на крај изборните од тековниот семестар, но не повеќе од вкупно 35  кредити,

-          при повторно запишување на неположен изборен, студентот има право да го замени со друг изборен предмет (доколку сака да изврши промена - се поднесува барање до ектс координаторот на соодветниот Институт),

-          доколку студентотво семестарот запишува изборен/изборни  од универзитетската листа на слободни изборни предмети за прв циклус студии на  УКИМ, да се внесе во образецот за упис на семестарот,  во точното поле. (10% од изборните предмети)

 

 

1 ЕКТС кредит

-квота-

за предмет, кој се запишува по  прв пат (денари)

за предмет, кој се презапишува (денари)

редовни- со партиципација (државна квота)

210,00

410,00

редовни и вонредни школарина (со кофинансирање) 400 еур

 

410,00

 

600,00

 

Ви напоменуваме, дека електронскиот систем не ги пресметува точно кредитите, за предметите кои се презапишуваат. Студентите, да се придржуваат кон табелата погоре за пресметување на вкупната сума за упис на семестарот.

Студентите, кои се во тешка материјална состојба, треба да поднесат барање за плаќање на рати, одобрено согласно Одлука од  Деканатската управа на ПМФ (студентите не треба да одат да бараат потпис). Согласно Одлуката од деканатска управа сумата до 15.000,00 на 2 рати, а над 15.000,00 на 3 рати.  Барањето за плаќање на рати на зимскиот семестар во уч.2020/2021 година, може да го подигнете од Одделението за студентски прашања или  да го испечатите БАРАЊЕТО.

 сите уплати се вршат на образец  ПП50:

- назив и седиште на примач                                     ПМФ – СКОПЈЕ

- банка на примач                                                         НБРМ                    

- трансакциска сметка                                               100000000063095

 - сметка на буџетски корисник на ПМФ                  1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                     723012 - 41 – 2

- цел на дознака        (упис на ЗИМСКИ сем. во уч.2020/2021 г. студиска програма)

Напомена 3 :

Задолжителното  електронско запишување на зимскиот семестар и предметите во него во уч.2020/2021 година, (согласно упатството , објавено на веб страницата на ПМФ),  ќе се одвива од  28.09.2020 год. до 02.10.2020 год.,  на www.iknow.ukim.edu.mk.

ПРВО се запишува  семестарот и предметите ги запишуваат електронски, а потоа ги доставуваат потребните документи во службата за студентски прашања.

Студентите ЗАДОЛЖИТЕЛНО прво да ги презапишат предметите кои не ги положиле од претходните зимски семестри, а потоа да ги запишат предметите од тековниот зимски семестар.

Доколку имате проблеми поврзани со студиската програма (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на: - keti@pmf.ukim.mk (математика, математика-физика и физика),

 lidija.mitevska@pmf.ukim.mk (биологија, биологија–хемија, етнологија и антропологија) и ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk (хемија, географија)

за технички проблеми (заборавена лозинка, промена на мејл адреса и сл.) - boris@pmf.ukim.mk. во пораката задолжително да се напише опис на проблемот, број на индекс, име и презиме на студент и електронска адреса со која е регистриран во системот.

   Сите уплати под реден број 4,5 и 6 се вршат на образец ПП50 на жиро  сметката на ПМФ:

- назив и седиште на примач                                          ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                               НБРМ

- трансакциска сметка                                                       100000000063095

сметка на буџетски корисник на пмф                         1600110804 788 19

- Приходна шифра  програма  начин                          723012 - 41 – 2

 7. Додека уплатата од  750,00  денари на жиро сметка на УКИМ,  за  информативни,  информатички,  културни  и  спортски  активности  на студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 

со назнака ИКСА на УКИМ - ПМФ

на жиро-сметката 100000000063095 

депонент: НБРМ,

со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18

приходна шифра 723012програма 41 начин 2

Цел на дознака за   ИКСА на УКИМ - ПМФ Овој надоместок, студентите го поднесуваат секоја учебна годинапри запишување на зимскиот семестар.

ЕКТС координатори на ПМФ

Институт за хемија

 

Студиска програма:

 

Наставна хемија (за прва, втора и трета година)

Проф. д-р Марина Стојановска

Применета хемија (за прва, втора и трета година)

Проф. д-р Марина Стојановска

Применета хемија – аналитичка биохемија (за прва, втора и трета година)

Проф. д-р Јасмина Петреска - Станојева

За четврта година

Проф. д-р Петре Макрески        и  Проф. д-р Сандра Димитровска-Лазова

За петта година

Проф. д-р Слоботка Алексовска

 

За шеста година

Проф. д-р Наташа Ристевска

Институт за физика

Сите студиски програми:

Проф. д-р Весна Гершан

 Институт за географија

Сите студиски програми:

Љубица Марковска

 Институт за етнологија и антропологија:

Проф. д-р Ана Ашталковска Гајтановска

 Институт за математика

Сите студиски програми:

Проф. д-р Анета гацовска-Барандовска

 Институт за биологија

Студиска програма:

 

 

Биохемија и физиологија

Проф. д-р Никола Хаџи-Петрушев

 

Молекуларна биологија и генетика

Проф. д-р Александра Цветковска

 

Екологија

Проф. д-р Катерина Русевска

 

Биологија

Проф. д-р Катерина Русевска

 

Биологија - хемија

Проф. д-р Катерина Русевска

 

Нутриционизам

Проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ

 

Студентите од Институтот за биологија треба да го достават уредно пополнет А3 образецот во библиотеката на биологија, на одобрување  од ЕКТС координаторите, а потоа сите потребни документи и уплатници да ги достават во Одделението за студентски прашања во точно одредените денови за поднесување на документи.

 

Скопје,  25.09.2020 год.                                                                         од Деканатот

 

 

Информација за годишни одмори 2020
Почитувани студенти, 

Ве  известуваме  дека поради користење на годишните одмори, Одделението за студентски прашања нема да работи, во периодот  од 27 јули 2020 до 7 август 2020 година.

Прв работен ден, после одморите 10 август 2020 година.

Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година

Почитувани студенти,

Ве информираме дека  Одделението за студентски прашања,  после одморите ќе започне со работа на  10 август 2020 (понеделник). 

Препорака е, прво да се соберат сите документи, вклучително и документите кои ги потврдува и заверува ПМФ, а потоа електронски да се аплицира, со цел  податоците кои се внесени во електронската пријава да бидат идентични со податоците од доставената документација.

Студентите на ПМФ, кои ќе да конкурираат за сместување во студентски дом треба во Одделението за студентски прашања да достават:

  - индекс со уредно собрани оценки од положените испити. Со оглед на  состојбата со епидемијата со Корона вирусот, дел од испитите се полагаа оn line и тие оценки можеби не се внесени во индексот (затоа што не се создадени услови за тоа), ве молиме при приложување на документите, да ни доставите и забелешка кои оценки ги има САМО во Iknow системoт,

   - уредно пополнети потврда за редовен студент

  - уверение за положени испити (со уплатница од 500,00 ден. уплатени на жиро сметката на ПМФ и 50,00 денари за административна такса, уплате на на уплатница

 - Образец УППИ_2020.

Зада можат да ги симнат другите потребни обрасци, студентите треба да се логираат на веб страницата на МОН,   http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursi/3328-2020-2043

Доколку имате потреба од дополнителни информации, лице за контакт, Лидија Митевска,тел.02/3249-821, lidija.mitevska@pmf.ukim.mk

Поместување на рокот за заверка на летниот семестар во уч.2019/2020 г.

Почитувани студенти од прв, втор и трет циклус  студии, 


Ве информираме, дека заверката на летниот семестар во уч.2019/2020 година, се поместува и ќе се одвива заедно со уписот на зимскиот семестар во уч.2020/2021 година. Роковите ќе бидат дополнително дефинирани и објавени.

Студентите, ќе имаат доволно време да ги соберат потписите, до уписот на зимскиот семестар.

Студентите кои ќе дипломираат/магистрираат во  во времетрањето на втората и третата сесија во уч.2019/2020 година, треба уредно да ги соберат потписите од летниот семестар во уч.2019/2020 година и да го заверат истиот.
Сите задолженија, околу започнување на проверката на досието, остануваат исти, како и претходно.


Студентите  треба да се најават на тел.02/3249-821,

Одделение за студентски прашања при ПМФ.

Дополнување на соопштението за втората и третата сесија во уч.2019/2020 г,
Почитувани студенти, 

од причини што голем дел од испитите се полагаат on line, ве информираме дека хартиените пријави, ќе ги доставите дополнително, во договор со предметните професори.

За студентите кои ги полагаат испитите со физичко присуство, останува обврската да ги достават хартиените  пријави на самиот ден на полагање, заедно со индексот.  (Најблиска продавница до ПМФ, каде може да се набават е во населбата Автокоманда, како и на Шумарскиот и Факултетот за земјоделски науки и храна).
Соопштение за втората и третата испитна сесија во уч.2019/2020 година

СООПШТЕНИЕ  ЗА ВТОРАТА И ТРЕТАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2019/2020 ГОДИНА

 

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека во Универзитетскиот календар на активности и неработни денови во уч.2019/2020 година бр. 02-557/2 од 23.4.2019 година се врши измена на времетраењето на втората и третата испитна сесија, така што:

Втора испитна сесија                        8 јуни - 19 јули 2020                                          (три декади)

Трета испитна сесија                         17 август – 25 септември 2020                          (три декади)

Секој предмет, студентот ќе има можност да го полага во  2 различни испитни термини/декади.

Вашата електронска пријава во  iknow системот за испитот е важечка за двата термина/декади.

Како и досега, ЗАДОЛЖИТЕЛНА е обврската студентот електронски да го пријави испитот (благовремено, најмалку 7 дена пред одвивање на испитот) и да го носи со себе индексот и  хартиената пријава на самиот ден на полагање.

Официјалниот распоред на испитите по денови, начинот на реализирање, просториите во кои ќе се одвиваат истите,  ќе биде дополнително објавен на веб страниците на институтите на ПМФ.

Испитната сесија ќе биде спроведена со строго почитување на сите предвидени протоколи и здравствени препораки од Министерството за здравство и Министерството за образование и наука.

Ве информираме, дека набрзо од Владата на РСМ, ќе следи известување за Протоколот за безбедност на студентите и вработените во текот на полагањето на испитите и престојот на високообразовните институции.

 

Скопје, 29.5.2020 година                                                                     

                                                                           од Одделението за студентски прашања  при ПМФ,

 

Важно соопштение

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека согласно одлуката на Владата (https://vlada.mk/node/20446), сите предходно донесени заклучоци, за кои бевте известени, а со кои се даваат мерки, препораки и насоки, се продолжуваат и важат до завршување на периодот на постоење на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија.

Согласно, член 13, член 14 и член 15, од ПРАВИЛНИКОТ  за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19 (Универзитетски гласник Бр.  489,  25 март 2020 г.)

НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА

Ве известуваме дека административни работи за потребите на студентите и на граѓаните ќе се одвиваат по електронски пат (електронско пријавување, регулирање на семестри, поднесување и одговарање на барања, молби и сл., издавање потврди и други услуги за потребите на студентите и граѓаните).

1.        Адресите на сандачињата за епошта  за контакт со Одделението за студентски прашања се:

keti@pmf.ukim.mk, ( ketikostadinovska@yahoo.com )

lidija.mitevska@pmf.ukim.mk, ( lidijamitevska@gmail.com )

Пораката се праќа на сите наведени електронски адреси.

 Документацијата која ќе ја издава ПМФ, препорачано е,  да биде потпишана електронски или во материјална форма и скенирана да биде вратена на барателот.

Оригинал се издава доколку издадениот документ барателот треба да го приложи во друга институција, а институцијата го бара тоа.

ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР

Ве информираме, доколку има студенти кои не го запишале летниот семестар во уч.2019/2020 година и во  продолжениот рок од 06.03.2020 година, дека може да го запишат семестарот, без надоместок за задоцнето запишување, на следниов начин:

1.        Електронски да го запишете семестарот и предметите кои ќе ги слушате во летниот семестар во уч.2019/2020 година,

2.        Сите документи, скенирани во еден сумарен документ, (word или pdf format):

 

-барање за задоцнето запишување,

- барање за плаќање на рати-максим  на 3 рати (март, април и мај 2020)

(доколу ги немате барањата во хартиена форма,  на лист А4 формат, пополнети и потпишете ги своерачно),

-           скенирани, сите страници од индексот,

-   Скениран, образецот за запишување и образецот за заверување (доколку ги   немате и не сте во можност да ги набавите, пратете ни се друго, без нив.)

 

Ве моламе, сите наведени документи и уплатници,  да бидат скенирани и ставени/закачени во прилог на  маилот како Attachment (а не во самиот маил), за да може да се печати.

Посебно нагласените ни, кои предмети ги презапишувате, ако кои ги запишувате прв пат, во летниот семестар во уч.2019/2020 година и наведете ја вкупната сума.

Доколку  некој студент нема оценка во индекс, а има во електронскиот систем, посебно нагласете го тоа, за кој предмет се работи.

А, доколку , нема оценки ни во двете места, електронски информирајте ги  предметните професори да ви стават оценка во електронскиот систем, за да може да провериме.

Се однесува за  предмети положени од претходните: зимски семестар од уч.2019/2020 година или предмeти од летниот семестар од уч.2018/2019 година,  кои ви се услов за запишување на некои предмети од летниот семестар од уч.2019/2020 година, итн.

Сето ова ќе го  провериме и и ЌЕ  ГО ПОТВРДИМЕ КАКО УРЕДНО ЗАПИШАН СЕМЕСТАРОТ,  со што ќе се создаде можност  професорите да ве имаат во евиденцијата, во списокот на студенти, кои го запишале конкретниот предмет во електронскиот систем, затоа што  во тек се и  следат on-line предавања.

Оргиналните документи и индексот, ќе ни ги доставите, кога ќе се „смири“ целава ситуација.

 ИЗДАВАЊЕ ПОТВРДИ

Доколу некои студенти имаат потреба од потврда за здравствено осигурување или за други намени,  ќе ја спремиме и  ќе ви  ја пратиме електронски.

Доколку, ви треба оргинал, нагласете го тоа (подигнувањето ќе биде од влезот од Горната (стара) зграда со претходно најавување 02/3249-821, без влегување во зградата.         

 Ве молам, сите да бидеме  стрпливи и да бидете прецизни во електронската комуникација, согласно  претходните напатствија.

ИЗРАБОТКА НА ДИПЛОМСКА РАБОТА И МАГИСТЕРСКИ И ДОКТОРСКИ ТРУД И ОДБРАНА НА ДИПЛОМСКА РАБОТА И МАГИСТЕРСКИ ТРУД, се дефинирани во  член 6, член 7 и член 8:

Изработка на дипломска работа и магистерски и докторски труд

Член 6

 Со одлука на единицата, роковите за изработка и поднесување на дипломска работа, како и магистерски и докторски труд, се запираат и не течат додека траат мерките.

Одбрана на дипломска работа и магистерски труд

Член 7

 Одбраната на дипломска работа и магистерски труд може да се врши делумно или во целост и со примена на видеоконференциска платформа. На барање на студентот, единицата може да дозволи одбраната на дипломска работа и магистерски труд да се одложи до создавање на услови за нивно нормално одвивање.  Крајниот рок за започнатите постапки за одбрана на дипломска работа и магистерски труд пред воведувањето на мерките, се продолжува за време утврдено со одлука на единицата. 

Докторски студии

Член 8

 

Согласно со член 28 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за студирање на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот, студиските програми се состојат од: - организирана академска обука; - независен истражувачки проект под менторство (докторски проект); - меѓународна мобилност, најмалку еднонеделен престој; - предавања и друг вид комуникациски активности; - објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд;  - изработка и јавна одбрана на докторски труд врз основа на докторскиот проект; - други обврски предвидени со студиската програма. Предавањата, семинарите и другите обврски од став 1 на овој член, освен конференции, меѓународна мобилност и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд, се реализираат со примена на средствата за електронска комуникација од член 3 од овој Правилник.  Проверката на знаењата преку испити не може да се спроведува со примена на средствата за електронска комуникација и таа ќе се спроведе кога ќе се создадат услови за тоа. По исклучок, проверката на знаењата од став 3 на овој член може да се спроведува со средствата за електронска комуникација доколку од страна на единицата се применат технички решенија кои обезбедуваат контрола врз работата на студентот и може да се утврди негова идентификација, за што одлука донесува единицата. Одбраната на докторски труд може да се врши делумно или во целост со примена на видеоконференциски платформи.  На барање на студентот, единицата може да дозволи одбраната на  докторски труд  да се одложи до создавање на услови за нејзино нормално одвивање.  Крајниот рок за започнатите постапки за одбрана на докторски труд пред воведувањето на мерките, се продолжува за време утврдено со одлука на единицата

 Чувајте се,

 Кети Костадиновска, Раководител на Одделението за студентски прашања при ПМФ

 

 

 

 

Рокот за запишување на летен семестар во учебната 2019/2020 година

Бр.02-435-1

25.02.2020 г.

Врз основа на член 73 став 1 алинеја 16 од Статутот на Природно-математички факлултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје (Универзитетски гласник бр. 464 од 18 октомври 2019 година), Деканот, донесе:

 О Д Л У К А

 1. Рокот за запишување на летен семестар во учебната 2019/2020 година се продолжува до 06.03.2020 година.

 2. Оваа Одлука стапува на сила со денот на донесувањето.

 

                                                       Д Е К А Н,

                                                                                                                 Проф. д-р Ицко Ѓоргоски

 

 

Информација за предметот Македонски јазик

Информација за предметот Македонски јазик

Терминот за одржување на часовите по Македонски јазик во летниот семестар во уч.2019/2020 година, е секој петок од  12:15 до 14 часот во Предавална 1 на Филолошкиот факултет, кај предметниот професор, проф. д-р Симон Саздов.

          

Првиот час ќе се одржи на 6 март 2020 година

 

26.02.2020 г.                                                  Од Деканатот,

 

Информација за студентите на ПМФ

ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ НА ПМФ

Се известуваат студентите на ПМФ,  дека барањето на факултетското студентско собрание на ПМФ и Предлог Одлуката на деканатската управа на ПМФ за одобрување на дополнителен ден сесија не е прифатено од Наставно-научниот совет на ПМФ.


Напомена: пријавите во електронскиот систем, ќе бидат избришани, а сесијата е деактивирана.


07.02.2020 г.
Одделение за студентски прашања при ПМФ

Заверка на зимски семестар и упис на летен семестар во учебната 2019/2020 година

С о о п ш т е н и е  

потребни документи за заверка на зимски семестар и упис на летен семестар во учебната 2019/2020 година

          се  известуваат редовните и вонредните студенти на Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека заверувањето на зимскиот  и запишувањето на летниот семестар во уч.2019/2020 година ќе се одвива од  10.02.2020 до 21.02.2020 година, и тоа за:

 

студентите од прва година

10 - 12 февруари 2020 г.

студентите од втора година и нагоре

13 - 21 февруари 2020 г.

 Потребни документи

·образец за заверување  на зимскиот семестар,

·образец за запишување  на летниот семестар,

· пополнет и потпишан образец за ЕКТС за положени испити, односно за освоени кредити и за пријавени предмети кои ќе ги слушаат во летниот семестар (образецот се пополнува во координација со координаторот на соодветната студиска програма, со исклучок на Институот за биологија и Институтот за математика).

· индекс со уредно собрани потписи од предметните наставници за зимскиот семестар за остварени обврски

-уплатница за уплатени 200,00 ден. за административни трошоци-цел на дознака и приходна шифра  програма  начин 723019-41–2

- уплатница за уплатени 100,00 ден. за обезбедување-цел на дознака и приходна шифра  програма  начин 723019-41–2

 -уплатница за уплатени 100,00 д. за тетратки-цел на дознака и приходна шифра  програма  начин 723019-41–2

- уплатница за уплатени 100,00 ден. за факултетското студентско собрание, -цел на дознака и приходна шифра  програма  начин 723019-41–2 (само за оние студенти, кои што сакаат да бидат членови на факултетското студентско собрание) и

· уплатница за уплатени средства за упис на летниот семестар во уч. 2019/2020 година за студентите запишани со партиципација (државна квота).

· износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмети), согласно образецот за ектс одобрен од координаторите за ектс. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на Деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година,

или,

· уплатница за уплатени средства за упис на летниот семестар во уч.2019/2020 година  за редовните и вонредните студенти запишани со школарина (со кофинансирање) согласно договорот потпишан со факултетот. Износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмети), согласно образецот за ектс одобрен од координаторите за ектс. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на Деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година.

Напомена 1:

Согласно, чл.23 од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019),  студент запишан со партиципација (*државна квота), го губи статусот на студент запишан во квота со партиципација (*државна квота) и ги продолжува студиите во квота со школарина (*со поднесување на трошоците за студирање -кофинансирање) ако:

- еден предмет запишува по трет пат;

- не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на  наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен).

* термините за квотите наведени во заградите, се однесуваат за студентите запишани по прв пат во уч.2018/2019 година и претходно и истите имаат еднакво значење.

Напомена 2:

Согласно, чл.34, чл.35, чл.36 и чл.37 од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019) студентите, при упис на предметите треба да внимааат:

 

- при запишување на нови предметите, изборот на истите,  треба да е во согласност со правилата за напредување, утврдени со   студиските програми,

-          на условувачките критериуми, односно на предусловите за запишување на секој предмет, кои се дефинирани во студиската програма (хоризонтална и вертикална условеност),

-          најпрво ги презапишуваат неположените задолжителни и изборни предмети од претходниот летен семестар, а потоа задолжителните предмети од тековниот семестар, и на крај изборните од тековниот семестар, но не повеќе од вкупно 35  кредити,

-          при повторно запишување на неположен изборен, студентот има право да го замени со друг изборен предмет (доколку сака да изврши промена - се поднесува барање до ектс координаторот на соодветниот Институт),

-          доколку студентотво семестарот запишува изборен/изборни  од универзитетската листа на слободни изборни предмети за прв циклус студии на  УКИМ, да се внесе во образецот за упис на семестарот,  во точното поле. (10% од изборните предмети)

 

 

1 ЕКТС кредит

-квота-

за предмет, кој се запишува по  прв пат (денари)

за предмет, кој се презапишува (денари)

редовни- со партиципација (државна квота)

210,00

410,00

редовни и вонредни школарина (со кофинансирање) 400 еур

 

410,00

 

600,00

 

Ви напоменуваме, дека електронскиот систем не ги пресметува точно кредитите, за предметите кои се презапишуваат. Студентите, да се придржуваат кон табелата погоре за пресметување на вкупната сума за упис на семестарот.

Студентите, кои се во тешка материјална состојба, можат да поднесат барање за плаќање на рати, одобрено од  продеканот за материјални и финансиски прашања на ПМФ, Проф. д-р Свемир Горин, во просторија 11 во деканатот или на институтот за географија, на прв  спрат, стара зграда, просторија 128, секој работен ден во периодот од 12.30 до 13.30 часот.

 

 Образецот за плаќање на рати на летниот семестар во уч.2019/2020 година, може да го подигнете од Одделението за студентски прашања или  да го испечатите тука.

 Истиот треба да биде одобрен и потпишан од :

  1. Раководител на Институт _________________
  2. Продекан за материјални и финансиски прашања, проф. д-р Свемир Горин

 

сите уплати се вршат на образец  ПП50:

- назив и седиште на примач                                     ПМФ – СКОПЈЕ

- банка на примач                                                      НБРМ                    

- трансакциска сметка                                               100000000063095

 - сметка на буџетски корисник на ПМФ                  1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                     723012 - 41 – 2

- цел на дознака        (упис на летен сем. во уч.2019/2020 г. студиска програма)

Напомена 3 :

задолжителното  електронско запишување на летниот семестар во уч.2019/2020 година, ќе се одвива од 10.02.2020 до 21.02.2019 год., за сите студентите на ПМФ. (согласно упатството , наведено подоле)

наставата во летниот сeместар ќе се одвива од 17.02.2020 до 29.05.2020 година

доколку имате проблеми поврзани со студиската програма (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на: - keti@pmf.ukim.mk (математика, математика-физика и физика),

 lidija.mitevska@pmf.ukim.mk (биологија, биологија–хемија, етнологија и антропологија) и ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk (хемија, географија)

за технички проблеми (заборавена лозинка, промена на мејл адреса и сл.) - boris@pmf.ukim.mk. во пораката задолжително да се напише опис на проблемот, број на индекс, име и презиме на студент и електронска адреса со која е регистриран во системот.

 

Напомена 4:  

се  замолуваат студентите, доколку, не ги имаат уредно комплетирано документите и електронскиот упис, да не пристапуваат на шалтерот !! Одделението за студентски прашања ги изработува веднаш индексите и затоа поради  ефикасност и почитување на времето на сите, студентите уредно да постапат согласно соопштението !!

29.01.2020 год.                                                   од Деканатот,

 

Упатство за запишување и заверување на семестар преку “ i-know ”

Откако ќе се најавите на системот, пред вас се отвара почетната страница за студентите. На неа се наоѓааат активни соопштенија кои биле поставени од факултетот. Главното мени за навигација се наоѓа на горниот дел од страницата веднаш под името, презимето и бр. индекс на најавениот студент.

Во табот "запишани семестри" од менито, има табеларен преглед на претходно запишаните семестри. претходно запишаниот семестар (зимски 2019/2020), кој сега треба да се заверува, ќе биде заверен од страна на службениците на студентската служба, тогаш кога ќе се приложат документи кои физички ќе ги депонирате и собраните потписи од професорите во индексот.

          Во табот  "запишани семестри", во горниот дел се наоѓа опцијата за запишување на следниот семестар (летен 2019/20). од листата понудени семестри г