Navigation
 
Journal Content

Пилот проект на Природно-математичкиот факултет за зголемување на претприемничките компетенции на академскиот кадар и студентите во соработка со центарот South East European Centre for Entrepreneurial Learning (SEECEL) од Загреб, Република Хрватска http://www.seecel.hr

Главен координатор на проектот за факултетот е Проф. д-р Валентин Мирчески, продекан за меѓународна соработка, научни и апликативни прашања, во соработка со членовите на Центарот за кариера при факултетот. Активностите на проектот кој се реализира во текот на 2015 год. се дефинирани во следниов акциски план, додека извештајот за полугодишната реализација на проектот даден е во следниов документ. Заради активно вклучување на студентите во реализацијата на проектот, направен е студентски тим со претставници на студентите од сите институти на факултетот.

Во рамките на проектот одржани се две работилници на тема: Претприемништво и апликативна дејност во природните науки (јуни 2015) (програма) и Претприемништво и иновации (ноември 2015) (програма).